Охриѓанката Натали Башоска веќе пет месеци живее во Њујорк, каде што студира филмска режија .
Инспирирана од реакциите на луѓето кои ја прашуваат од каде доаѓа и нивните коментари кои следуваат, Башоска се одлучила да сними видео.
– Каде е Македонија? Дали тоа е држава? Дали зборувате на англиски, дали јадете храна, живеете во куќи, гледате телевизија, имате патишта, планини?, се само дел од прашањата кои можат да се чујат во видеото. Погледнете го.