Фрлање мобилни телефони врз глави, меѓусебни тупаници и еден хоспитализиран е билансот од огранокот на ДУИ во Струга вечерва по тепачката помеѓу крилото на Арбен Лабуништа и Рамиз Мерко.
Според информации на порталот ТетоваСот добиени од извори на ДУИ во Струга, до тепачката дошло откога Мерко успеал да обезбеди подршка во сите ограноци за функцијата претседател на огранокот. Според истиот извор, Мерко ја има подршката од Муса Џафери. Токму таа подршка на Џафери предизвикал револт во крилото на Лабуништа.
Од болницата во Струга се уште нема потврда кој е хоспитализираниот, но изворите тврдат дека зменик директорот на УЈП, Аргетим Асани има претрпено повреди и се наоѓа во болница.