8 деца пронајдени мртви, глетката вознемирувачка


Осум деца се пронајдени мртви во куќа во австралиската држава Квинсленд.

Полицијата за локалните медиуми изјавила дека 34-годишна жена за која се претпоставува дека била мајка на 7 од нив, била пренесена во болница со неколку убодни рани, но е во стабилна состојба.

karnis3

Сепак, полицијата не потврдила дека децата, кои биле на возраст од 18 месеци до 15 години биле избодени до смрт.

Премиерот на Австралија вознемирувачкиот настан го окарактеризирал како „невидено злосторство“.

Бруно Асникар од полицијата во Канрис изјавил дека она што неговите колеги го виделе на местото на злосторството биле особено вознемирувачко.

За сега немаат полицијата не спровела апсења, а се бараат осомничени со помош на жената која се смета дека е нивна мајка.

Локалните жители, видно потресени се собрале пред куќата и оставале цвеќиња за прерано изгубените животи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1