Пожар избувнал утринава околу седум часот во угостителскиот објект „Ани“, поранешен „Барон“, во трговскиот центар Буњаковец.
Од МВР за Нетпрес велат дека огнените јазли на пожарот кој избил од засега непознати причини, ги зафатиле влезната врата и дел од внатрешноста на објектот.
Пожарот бил веднаш локализиран, а за среќа повредени нема.