Комисијата за верификација на фактите во понеделникот официјално го лустрираше поранешниот министер за правда и амбасадор во Бугарија и во Велика Британија Ѓорѓи Спасов, додека неговото решението за соработка со тајните служби излезе вчера на сајтот на Лустрациска откако истече тридневниот законски рок.
При проверката на документите Лустрациската комисија увидела дека името на Спасов фигурира во три лични досиеја од кои лустраторите заклучиле дека ексамбасадорот соработнувал со поранешната Служба за државна безбедност.
Решението на Лустрациската комисија во врска со Спасов може да се прочита во целост на следниот линк.