Печалбарите од Кичево ги убил албанец – ги мачел додека не кажале каде се парите


Во доцните ноќни часови со скроен план упаднал во домот на 70 годишните печалбари од САД во кичевското село Србица.  Ги врзал со алиштата кои му дошле при рака и ги измачувал додека не признале каде се парите и златото. Сопружниците починале, а тој побегнал со пленот вреден 12 илјади долари и семејниот златен накит, пренесува Пресс24.neptunmasaf

Две години подоцна полицијата го пронајде извршителот на ѕверското убиство. 38 годишниот Ајран Диши од Дибер Албанија. Беше приведен пред една недела откако истрагата потврди дека е виновен за кражбите во кичевскиот манастир. По приведувањето, направените анализи потврдиле дека неговиот ДНК профил во целост се поклопува со трагите пронајдени во домот на Иса и Селиме Имери.

Полицијата минатата година за истото дело го приведе албанскиот државјанин Алија Лефтер, но обвинителството ја одби пријавата бидејки немаше поклопување на ДНК примероците. Првичните сомнежи беа дека убиството е извршено од три лица, поради пронајдените траги на три локации во куќата. Послените анализи сепак потврдиле дека примероците се поклопуваат со направениот профил на Диши.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1