Организаторите на Светското првенство во ракомет во Катар (15 јануари – 1 февруари) ја објавија официјалната песна на шампионатот, со наслов „Live it”.
Меѓу големиот број изведувачи на химната е и македонскиот пејач Даниел Кајмакоски, кој е дел од целокупниот проект на организаторот.
Според најавите тој ќе биде дел и од македонските фанови во Доха, кои ќе им даваат безрезервна поддршка на ракометарите во обид да се стигне до нов голем резултат на едно големо натпреварување.