Трајче Митревски, по 8 годишна врска одлучи да ја побара за сопруга Елена Мургоска. Она што двајцата ги спојува е работното место – Скопје Сити Мол. Токму тоа беше причина Скопје Сити Мол да му помогне на Трајче, заедно со балетското училиште Ребис, да ја запроси Елена на навистина магичен начин.
Изненадувањето, приредено од учениците на Ребис кои неочекувано започнаа да танцуваат на песната “Marry Me” од Бруно Марс, беа почетокот на точката која заврши со излегувањето од новогодишниот поклон на Трајче.