Да не тропнеш кај лекар: Пациент по грешка бил лечен 10 години од Алцхајмерова болест


Судот во францускиот град Нанси отвори истрага против тамошната болница која пред десет години погрешно дијагностицирала Алцхајмерова болест кај педесетгодишен пациент кој редовно земал терапија за ова невродегенеративно и хронично заболување.

„Трагично е што човекот десет години се лечел од болест која ја нема со сите општествено-професионални последици“, изјави Жан Кристоф Дише, адвокат на пациентот.

alchajmer2

Прогласен за неспособен за работа, Французинот кој тогаш имал 40 години, ја изгубил работата, почнал да се повлекува во својата куќа и редовно земал лекови од кои чувствувал изразени несакани ефекти, мачнина, повраќање, депресија.

Пациентот всушност имал пореметување на когнитивните способности поради траума на главата од минатото, наведуваат медиумите и додаваат дека поради погрешна терапија здравствената состојба на пациентот дополнително се влошила.

Болницата во Нанси не сакала да ја коментира аферата, чекајќи резултати од експертизата која треба да утврди дали дошло до погрешна дијагноза.

Алцјамеровата болест е дегенеративно пореметување на мозокот која ги уништува невроните и врските во мозочната кора, што доведува до значајно губење на мозочната маса. Оваа болест доведува до постепено, неповратно губење на памтењето, способноста за говор, свеста за време и простор и на крајот свеста за грижа за себеси.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1