На Кристл од „Династија“ и нудат пола милион фунти да влезе во „Големиот брат“


Дека „Династија“ е серија за сите времиња најдобро покажува понудата која ја добила 72-годишната американска актерка Линда Еванс, една од главните хероини во најпознатата серија на светот.linda evans

Како што пренесуваат медиумите британскиот „Канал 5“ и понудил на половина милион фунти на Линда ако прифати да влезе во куќата на „Големиот брат“, и тоа ќе биде само еден нејзин дневен хонорар.

Британската тв-куќа сака со Линда да го привлече вниманието  и на постарата публика, а доколку прифати таа, ќе и бидат платени сите трошоци за доаѓањето од САД и за престојот во Лондон.

Линда стана тв-икона во 1980-те години благодарение на улогата на Кристл во серијата „Династија“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1