Граѓаните често добиваат мејлови од компании иако не дале согласност за користење на емејл-адресите .
Членот 13-а од Законот за заштита на личните податоци се однесува на директен маркетинг.
Под директен маркетинг се подразбираат продажни активности за добра и услуги од кој било вид, при што пораката се испраќа директно до потрошувачите.
Обработката на лични податоци за цели на директен маркетинг е дозволена само доколку личните податоци се обработуваат во согласност со членот 6 став 1 алинеја 1 од овој закон, освен ако со друг закон поинаку не е предвидено, а тоа е дека обработката на личните податоци може да се врши само по претходно добиена согласност од субјектот на личните податоци, т.е. физичкото лице чии лични податоци се обработуваат.