Родители внимавајте: Запленети милиони ластичиња за коса со отрови кои му штетат на детето


Италијанската економска полиција заплени над 170 милиони шарени ластичиња за детска коса во вкупна вредност од 10 милиони евра, пишува весникот „Кориере дела сера“.gdf

Заплената е извршена во провинциите Падова, Венеција и Тревизо, во северниот дел на земјата. Кинез на 27-годишна возраст, што ги увезувал ластичињата, е уапсен.

При анализа на ластичињата е утврдено дека содржат супстанци штетни за здравјето на децата. Токсичните материи ги надминуваат до 100 пати дозволените норми.

Правењето нараквици, ланчиња, прстени и други предмети од разни шарени ластичиња во Европа изминатиот период е вистински хит.

loom-bands-700x352

 

 

 

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1