Јавното претпријатие „Македонски шуми“ ги набави 1.100-те садници за кои во септември распиша оглас и за нив одвои над 522.000 евра.
Палмите се од видот Trachycarpus fortunei и станува збор за влакнеста палма чие стебло расте над четири метри.
Кога „Македонски шуми“ го распиша огласот, објасни дека палмите ќе бидат поставени во Дојран, Гевгелија, Струга и во Охрид, претежно во туристичките мести во јужниот крај.
Овие растенија, според аргументите на јавното претпријатие, може да успеат на македонско тло бидејќи преживувале и на температури до -15 Целзиусови степени.