ВИДЕО: 14-годишно девојче го отрула својот сопруг, ја очекува смртна казна


Васила Тасиу, 14-годишно девојче од Нигерија, го признала убиството на својот 35 годишен сопруг, кој го усмртила со отров за глувци, објави нигериската полиција. Таа го отрула сопругот неколку дена пред венчавката.

14god devojce

Доколку биде прогласена за виновна, Васила, која потекнува од сиромашно и конзервативно муслиманско семејство ја очекува смртна казна.

Активистите за заштита на човековите права го изразија својот бес поради ваквата можност, тврдејќи дека девојчето најверојатно било жртва на сексуално насилство, што ја навело на таков потег.

Рамата, втората жена на покојниот маж, изјавила дека тој кобен ден Васила подготвувала ручек, со оглед на тоа дека нејзе и било ред да ја дели постелата со мажот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1