Вотката не смее да поскапи – Путин нареди


Рускиот претседател Владимир Путин побара денеска од Владата да спречи раст на цената на вотката додека истовремено се обидува да ја сочува популарноста во момент на економска криза.

putin votka

Путин на состанок со официјални претставници од Владата и регионални гувернери рече дека високите цени на вотката охрабруваат продукција на нелегален алкохол што претставува поголем ризик за здравјето од легално произведениот.

– Претераните цени на вотка само водат кон пораст на конзумирањето нелегален алкохол, нагласи Путин.

Минималната малопродажна цена на половина литар вотка е зголемена за околу 30 отсто од минатата година на 220 рубљи (четири долари).

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1