Во среда на 31.12.2014 година во период од 11.00 до 13.30, како и од 20.00 до 01.00 часот, поради одржување на повеќе манифестации (детска Предновогодишна програма, Новогодишна програма), дел од центарот на Скопје ќе биде затворен за сообраќај во двете насоки,, информираат од Град Скопје.
Затворени за сообраќај ќе бидат улиците „11 Октомври“ и „Димитрија Чуповски“, од крстосницата со ул. „Филип Втори Македонски“ до крстосницата со улицата „Даме Груев“.
Поради тоа ќе се изврши и пренасочување на автобускиот сообраќај на линиите кои минуваат на овој потег, и тоа:
1. Автобусите кои ги опслужуваат линиите со број 26, 50, 57, 59 кај Градска болница ќе се движат по ул. „11Октомври“ кон Зелено пазарче, потоа десно по ул. „Кирил и Методиј“ (Рамстор) и продолжуваат по својата траса. Во обратна насока ќе ја користат ул. „Даме Груев“ (зад Собрание).
2. Автобусите кои ги опслужуваат линиите со број 3, 3А, 3Б, 4, 4А, 5, 7, 7Б, 15, 15А, 21, 21А, 22, 23, 24, 25, ќе се движат по бул. „Кочо Рацин“, ул.„Кирил и Методиј“ (Рамстор) и продолжуваат по своите траси. Во обратна насока ќе се движат по ул. „Даме Груев“ (зад Собрание) и продолжуваат по своите траси. Притоа ќе ги користат постојните автобуски стојалишта.
Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат и да го почитуваат времено поставениот режим на сообраќај.