Еве како и кои автомобили најмногу се крадат


Иако автомафијата не е силна како во 90-те, сепак граѓаните треба да бидат внимателни.

Otmičar-sa-VoždovcaСе чини дека обивачот на брави, веќе со години атакува на иста марка – Фолксваген, автомобил за кој и понатаму има голема побарувачка, па едноставно и криминалците на тоа се прилагодуваат и крадат најмногу токму ваков модел на автомобили.

Ако во два дена украдените автомобили не се пронајдат, голем дел од газдите можат да се простат од истите.

Тие се или во некоја скриена гаража, или преку граница, особено кај источниот сосед, кај кого оваа гранка е добро развиена.

kradec koliВоглавно полицијата денеска е задоволна од резултатите, кои ги споредува со 90-те, кога беше вистински хит меѓу криминалците и кога автомобили се крадеа секојдневно. Бројките сега се на задоволително ниво.

Жиците повеќе не се во мода

Дека жиците кај крадците повеќе не се во мода, најдобро знае и нашиот соговорник кој сака да остане анонимен. Најмногу се делува кај оние со „софистицирана технологија“, лаптопови и такви работи, денеска се крадат најмногу“.

Без трагови

031120-car-theft.gif„Готово никогаш на место на грабежот не се наоѓаат никакви траги, значи полицијата тргнува од изјавите на оштетените, со идентификација на податоците за самото конкретно возило и тоа е некаква почетна основа за преземање следни чекори во работата.
Професионалците кои се занимаваат со оваа работа, не им претставува никаков проблем технологијата, која обично доаѓа со новите автомобили. Украдените возила на крајот може да завршат и како резервни делови по скриените гаражи.

Рок 48 часа

Ако не го пронајдете во рок од два дена, нема никогаш да го пронајдете. Или ќе биде пренесен преку граница, или ќе заврши на пазар за резервни делови. Оние малите автомобили, најмногу се крадат за делови.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1