Политичарите веќе нема да лажат – направен е робот кој ќе ги лови


Развиен е прототип на робот, кој автоматски ќе ги детектира лагите на политичарите во нивните говори.

truth-bot-20001Роботот доби звучно име а и мото –  „Вистината и само вистината“ е мотото на роботот „Труттелер“ (кажувач на вистината).

Технологијата е едноставна – роботот ги  „слуша“ изјавите на политичарите,  го трансформира звукот во текст и кажаното од политичарот го споредува со податоци, претходно собрани од новинари или од интернет.

Па штом ќе каже нешто лажно, на екранот излегува напишано со црвена боја „Лага“.

Роботот уште се развива, има и грешки а проблем е и што актуелните случувања за кои на интернет нема многу информации роботот не може да ги оцени како лага или вистина.

lenta usta lagaДизајнерите се надеваат дека ќе го испитаат роботот во текот на летото за време на изборите за гувернер на  Вирџинија, а практичната примена во мобилна варијанта предвидуваат за претседателските избори во 2016 година.

Па значи „Труттелер“ секогаш ќе можете да си го имате во џеб и да не им верувате слепо на говорите на политичарите туку да си проверите 🙂

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1