Најдоа црна точка во мозокот – Центар за зло – – Сите психопати ја имаат


Германскиот невролог Жерард Рот, еден од водечките светски експерти за мозок, тврди дека го открил подрачјето на мозокот во кое може да се пронајде злото кое се сокрива во убијците, силувачите и крадците.

mozok zlo1Неговото откритие кое го спроведувал врз насилните претставници траело долги години, а било извршено во склоп на истражувањата на германската влда.

„На таквите луѓе им покажувавме кратки филмови и им ги меревме мозочните бранови“, изјавил Рот.

„Кога и да се појавеа брутални и насилни сцени, испитаниците не покажувале никакви емоции. Во деловите на мозокот каде настануваат сочувството и тагата, не се случуваше ништо“, додава тој.

Подрачјето кое кај психопатите се прикажува како темна маса на врвот на фронталниот мозок, се појавува во сите скенирања на луѓето кои имаат досие на криминално насилство.

„Како и да ги погледнете скеновите на мозокот на криминалците, скоро секогаш се видливи послаби активни подрачја во предниот дел на мозокот. Постојат случаи во кои некој станува криминалец поради тумор или повреда на тој дел на мозокот и после операција за отстранување на туморот, таа личност повторно станува нормална. Дефинитвно тоа е подрачје на мозокот во кое се обликува и сокрива злото“, вели тој.

mozok zlo

Според него сите криминалци се различни, но тој ги издвојува во три општи групи во склоп на неговата потрага по „колевката на злото“.

Првата група се „психолошки здрави“ луѓе, кои едноставно пораснале во околината во која е прифатливо да се користи насилството, да се краде и да се убива. Втората група се психички пореметени криминалци кои во сè гледаат закана. „Еден погрешен поглед, еден погрешен потег, тој може да експлодира и да стане убиец“ Третата група се „чисти психопати“, група во која се наоѓаат диктатори како Хитлер и Сталин.

Рот истакнува дека не е вистина дека сите се раѓаат како чудовишта бидејќи на голем број од нив состојбата им се влошува кога се изложени на насилно опкружување.

„Експертите може да го забележат слабеењето на тој дел од мозокот уште додека детето е во градинка. Задачата на општеството е да му даде поддршка на детето и неговите родители пред тоа да стане криминалец“, завршува Рот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1