Секунди до смрт: Драматично спасување жена од возило кое тоне (Видео)


Шеесет и тригодишна жена од Окленд на Нов Зеланд едвај извлекла жива глава, кога нејзиниот автомобил слетал во вода. Само брзата реакција на двајца полицајци ја спасила од сигурна смрт.

Драмата се случувала во понеделникот попладне, а фотографиите ја покажуваат 63 – годишната жена како се држи за задното седиште до единствениот преостанат воздушен џеб во возилото.ZENA TONE

Кога возилото паднало во вода, со голема брзина почнало да тоне. Немало начин да се отвори вратата, па единственото што и преостанало на жената е да дојде до малото количество воздух во аголот над задното седиште. За среќа, сведоците на несреќната случка брзо повикале полиција.

Полицајците Пол Ватс и Сајмон Расел бргу реагирале – го скршиле задното стакло со камен и внимателно ја извлекле преплашената жена на сигурно.

– Кога влегов во водата еден од сведоците кои се обидуваа да го држат автомобилот во некој баланс за да не пропадне веднаш, ми рече дека бара камен да го скрши стаклото – изјави Расел за New Zealand Herald.

Ватс тогаш нашол камен во водата и успеал да го скрши стаклото, а Расел полека ја извлекол жената на сигурно.

Таа е пренесена во болница, но за среќа поминала само со мали гребнатини. Полицајците кои и го спасија животот за медиумите изјавија дека „тоа е само обичен ден на работа“ .

– Откако ја извадивме за 30 секунди автомобилот сосема потона. Таа веројатно ќе имаше една до 1,5 минута живот – велат полицајците.

На крајот од водата било извлечено и BMW – то на жената.

Полицијата започна истрага за овој случај.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1