Се ближи доба на програмирано биолошко оружје, а научниците предупредуваат дека тоа би можело да биде еднакво смртоносно, ако не и посмртоносно од нуклеарното оружје.
Во тие оружја се користи нешто што се нарекува синтетичка биологија, која е слична на генетски инжинеринг, но на стероиди. Во основа, станува збор за репрограмирање на гените да извршуваат точно одредена функција.
Но, експерти на конференцијата New America Future of War, предупредуваат дека тоа оружје би можело да биде голем проблем како што досега беше и се уште е, нуклеарното оружје.
„Биолошки базирани судири во иднина би биле лудост во споредба: Ќе го уништат снабдувањето со храна. Ќе ги уништат изворите на вода. Ќе ја отстранат можноста за размножување…“ – се само дел од примерите кои ги навел Мајкл Кроу, декан на американскиот Универзитет Аризона.