Близнаци боледуваат од ретка смртоносна болест- Вампирски синдром, ноќе живеат, дење патат


Близнаците Томас и Винсент Серие се од Бодро Франција и боледуваат од херодерм пигментосум, ретка болест поради која не смеат да се излагаат на сончевата светлина и на нејзиното ултравиолетово зрачење.

За да им се овозможи колку толку нормален живот 21 годишните Томас и Винсент, кои француските медиуми ги нарекоа „деца на месечината“ бидејќи може да излегуваат без заштита само ноќе, од неодамна тестираат нови заштитни маски кои се транспарентни и пропустливи на воздух направени во соработка со неколку болници.bliznaci-6--640x397

Пред четири години тогаш тинејџерите Томас и Винсент мораа да носат скијачки маски секогаш кога денски ќе излегувале од дома , како и бели ракавици произведени специјално од НАСА.

Свесни дека така заштитени делуваат многу страшно , тие двајцата дозволија според нивниот живот да биде направен и филм „ La Permission de Minuit”, за луѓето да престанат да се плашат и воедно да ги предизвикаат луѓето на поинаков добар начин да ги гледаат болните деца во Франција.

Винсент и Томас инаку се само двојка од 70 или 80 луѓе кои во Франција живеат со оваа ретка генетска смртоносна болест, се проценува деак во целиот свет има околу 5000 до 6000 вакви случаи.

На француските близнаци ретката болест им е дијагностицирана кога имале само две години.
Инаку нивните родители пронашле начин како да ги заштити своите синови , вклучувајќи и поставување на УВ филтер на прозорците на целата куќа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1