АЛАРМ: Смртоносна бактерија “побегнала” од лабораторија


Станува збор за бактеријата “Burkholderia pseudomallei”, која најчесто може да се најде во Југоисточна Азија и на северот на Австралија.

Инаку со оваа бактерија можат да се заразат луѓе и животни преку контакт со контаминирано земјиште и вода.

Во Луизијана во тек е истрага за тоа како една опасна, често смртоносна бактерија успеала да “побегне” од многу добро обезбедена научна лабораторија во Националниот центар за истражување во Тулејн.bakteria

Се претпоставува дека бактеријата побегнала во ноември минатата година, од лабораторијата на споменатата установа, која работела на развој на вакцина против неа.

Властите тврдат дека патоген не бил откриен на земјиштето на Центарот, иако од него заболеле четири мајмуни чувани на отворено, од кои два биле подложени на еутаназија.

И една федерална инспекторка која го посетила Центарот во Тулејн, кратко потоа се разболела, но се истакнува дека можеби таа од бактеријата се заразила на друго место, со оглед на фактот што многу патувала низ светот.

“Не се знае дали постои некаква закана по населението”- било наведено во соопштението на Центарот, како и тоа дека моментално нема регистрирани случаи за заболени луѓе.

Сепак, фактот што загрижува најмногу е тоа што Центарот не е во можност да утврди како опасната бактерија можела да побегне од лабораторијата.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1