Мој термин: половина Македонија е болна!


Половина нација болна. За два месеци годинава креирани се над 1.300.000 упати, покажуваат податоците од Мој термин.

Најголем број од упатите се специјалистички, останатите се за лабораторија, снимање, интерспецијалистички, за микробиологија,операции…pacient kniska zdravstvo

Најчесто пациентите биле упатувани на интернист и очен лекар.

-За овие два месеци имаме околу 46.400 неискористени термини, односно толку пациенти не се појавиле на закажаниот термин, а терминот го откажале 43.200 пациенти,изјави Милан Аризанковски, проект менаџер на Мој термин.

Не само возрасни и хронично болни, во текот на 2015 според Мој термин на лекар се јавиле и голем број на деца.

-Во првите два месеци во 2015 година биле издадени 180.000 упати за деца до 13 години, на лекар се јавиле околу 89.000 деца, додаде Аризанковски.

Најчести дијагнози кај децата биле воспаление на грлото и бронхитис.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1