Ахмет Гадафи ел Дам, роднина на убиениот либиски претседател Муамер ел Гадафи предупреди дека за една до две години на Европа може да и се случи „11 септември“ поради фактот дека борците на Исламската држава се приклучуваат на десетиците илјади емигранти кои преку Медитеранот одат за Европа.
Овој човек што бил еден од обезбедувачите во кого Гадафи имал најмногу доверба, предвидува дека најмалку половина милион емигранти од Либија, каде што Исламската држава зема замав, ќе заминат кон Европа.
„Меѓу нив има многу терористи, околу 10-50 на секои 1.000“, рекол Гадафи ел Дем за Британскиот „Мејл онлајн“, пренесува Танјуг.
Интервјуто го дал од Каиро каде што побегна по симнувањето од власт на режимот во Либија. „Тие ќе се рашират низ цела Европа и за една до две години ќе имате втор 11 септември“ истакнал тој.
Екстремистите лојални на Исламската држава напредуваат многу брзо низ Либија и веќе контролираат три града, вклучувајќи ја и Сирта каде што во јануари брутално убија 21 коптски христијани, пренесува „Индепендент“.
Гадафи ел Дам тврди дека екстремистите поседуваат повеќе од 6.000 буриња со ураниум кои порано ги обезбедувала војската. „Бидејќи не се веќе глупави, знаат како да го претворат во пари, ќе го продадат“, вели тој.