Дубровник под вода, Златибор без струја – Балканот на удар на циклонот „Реа“


Бура проследена со поројни дождови и силни ветришта ја парализираа Хрватска. Надлежните го вклучија црвениот аларм на Јадранот. Во Дубровник веќе се измерени 70 метри квадратни наврнат дожд, по што имало 19 интервенции за испумпување на водата од објекти  и извлекување на автомобили. Официјалните лица се уште не јавуваат за човечки жртви.

Bar-centarСилното невреме предизвикало големи проблеми и со електричната енергија. Во Задар половина час по полноќ пожарникарите имале полни раце работа, бидејќи многу од  дрвјата во градот и надвор од него биле искршени. Поради оштетување на патната сигнализација на патниот правец  Солин-Клиш се превртел камион, по што е запрен сообраќајот во дој дел од земјата. Невремето предизвикало големи проблеми и во Ријека. Силниот ветер ја откорнал фасадата на едно основно училиште и на неколку згради.  На удар на циклонот „Реа“ се најде и макарската ривиера, каде ветрот дувал со брзина и до 130 километри на час, а наврнале 17 литри дожд на метар квадратен во последните 12 часа.Screenshot_49

Снежното невреме не ја одмина и Србија. Поради обилниот снег два далекуводи во Златибор остана без електрична енергија. Неколку села во околината се целосно отсечени , каде наврнале и до 30 сантиметри снег. Критична е состојбата и во околината на Ваљево, каде до крајот на денот се очекува водостојот на реката Кулубара да достигне и до 2 метра. По целиот тек на реката Морава е прогласена вонредна состојба.

Според временската прогноза од дежурните центри на балканот, невремето нема да стивне ниту за викендот.  Под дејство на циклонот кој се движи од Јадранот кон јужниот дел на балканскиот полуостров, не е поштедена ниту Црна Гора.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1