Авион слета од пистата на аеродромот LaGuardia во Њујорк


Авион на компанијата Delta Air Lines со 125 патници слета во четвртокот од пистата на аеродромот LaGuardia во Њујорк и завршил во оградата, при што неколку патници биле полесно повредени јавија локалните медиуми.

Во четвртокот во Њујорк паѓаше снег и видливоста беше слаба.Screenshot_50

Летот Delta 1086 на линијата Атланта-Њујорк со 125 патници излета од пистата при слетувањето, се прецизира во соопштението на компанијата Delta.

Патниците со помош на тобоган излегле од авионот и со автобус биле префрлени до терминалот на аеродромот, стои во соопштението.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1