Секти: Сaјентологијата речиси ме уби


Сем Траволта Џуниор, роднина на актерот Џон Траволта, во интервју за американските медиуми зборуваше за неговото искуство со сајентологијата.

Сем Траволта Џуниор призна дека одлучил да ја напушти Сајентолошката Црква во 2007 година откако замалку си го одзел животот и од тогаш принуден е да живее во бегство.skientologija

– Тоа е психолошка војна и после некое време те презема под свое. Работите станаа толку многу лоши што во 2007 година се обидов да скокнам од мостот во Лос Анџелес, рече Сем Траволта кој после овој инцидент 28 дена ги поминал во ментална институција, а набрзо потоа одлучил официјално да ја напушти Црквата.

Во разговор за The National Enquirer, Сем рече дека неговиот славен вујко му помогнал колку што можел, но дека ниту тој не можел да ги спречи нападите и притисоците кои следеле откако одлучил да ја напушти Црквата.

Тој тврди дека членовите на црквата ширеле гласини за него дека се дрогира, дека е психотичен, па дури и педофил, со што сакале да го спречат да замине и да ја напушти Сајентолошката Црква.

– Мојот вујко ми рече: „Извини Сем, не можам да ти помогнам, ним не им е важно кој сум јас“.skientolozi

Сем изјави дека Џон Траволта кој и самиот е член на Сајентолошката Црква никогаш не ги присилувал членовите на неговото семејство да се приклучат на ова движење, но дека рекол дека припадниците на сајентологијата му се помили и дека кон нив е попријателски настроен.

Сајентологијата е движење или собир на верувања и учења чија идеологја се темели за делата на американскиот писател Л. Рон Хубард, а изворно е воспоставена како секуларна филозофија во 1952 година. Набргу потоа, во 1953 година се пренасочи како „применета религиска филозофија“.

Сајентологијата ја застапува Сајентолошката Црква, а како религија, сајентологијата единствено е призната во САД преку уставно право на слобода на религии која произлегува од првиот амандман.

Некои од припадниците на Сајентолошкото движење од светот на шоу бизнисот се Џон Траволта, Том Круз, Џада Пинкет Смит, Оливер Стоун, Лиса Мари Присли…

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1