Пука уште една бомба на Заев – изборни нерегуларности


Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска ја објави седмата „бомба“. На прес конференцијата,  Заев истакна дека граѓаните ќе слушнат разговори, кои според него, докажуваат изборни нерегуларности.zaev sdsm

-Ќе слушнете како како оваа група на власт ги мести и краде изборите. Ќе слушнете како се фалсификувани лични карти за гласење, ќе слушнете за гласачите од Пустец, а и за тоа како некој граѓани гласаат по неколку пати, најави Заев.

Тој додаде дека владејачката гарнитура ги користела сите државни институции и употребувале незаконски механизми за добивање на изборите.

Сопственици на фирми биле викани на состаноци во четврта изборна единица, инспекции на УЈП изрекувале високи казни, имало закани за такси компанија, соопшти лидерот на СДСМ, Зоран Заев на денешната прес конференција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1