Во недела на места се уште ќе провејува слаб снег, а од понеделник следува период на стабилно и суво време со негативни утрински температури, а дневните ќе бидат во благ пораст. За време на прогнозираниот период ќе дува умерен ветер од северен правец.
Новите врнежи ќе допринесат за повторно влошување на состојбата со влагата во почвата, со што ќе се одложи припремата на површините за пролетната сеидба која вообичаено започнува во средината на март. Краткотрајното заладување ќе биде добредојдено за успорување на процесите за пролетното обновување на вегетацијата кај овошките кое е веќе во тек, додека негативните утрински температури на воздухот со овие вредности немаат негативно влијание.