Свинскиот грип однел уште една жртва во Србија. На интензивна нега на Клиниката за инфективни болести во Крагуевац, и покрај сите напори на лекарите, вчера починал пациент од Парачин, на возраст од 35 години.
Според зборовите на директорката на оваа клиника, др. Олгица Гајовиќ, починатиот пациент пред да заболи од грипот имал слаб имунитет и на лечење бил примен со многу лоша здравствена состојба.
Лекарите се воздржуваат од прогнози, но според бројот на пациенти кои моментално се во тешка состојба, приклучени на респиратори, се стравува дека тој можеби и нема да биде последна жртва.
Повеќето од починатите се постари од 65 години, а веќе имале некое хронично заболување.
Др. Ранковиќ, инфектолог, на основа на бројот на пациенти кои одат на Инфективната клиника во Ниш, сегашната состојба ја оценил како “средна епидемија”, со оглед на тоа што има заболени со сериозна клиничка слика.
Меѓутоа, проф.др. Бранислав Тиодоровиќ, епидемиолог од Медицинскиот факултет во Ниш, тврди дека епидемијата на грип, засега – нема.