Оваа девојка секојдневно била малтретирана од страна на своите соученици, дури во еден момент од својот живот размислувала да изврши самоубиство. Спасот го пронашла во пеењето.
Луси Кеј е 24 годишна девојка по потекло од Нотингем во Велика Британија. Таа се пријавила на познатото телевизиско шоу „Јас имам талент“ за да покаже што умее. Нејзиниот талент е пеењето, а тажната приказна кој се чувствува во гласот на оваа девојка сигурно нема да ве остави рамнодушни.
Имено, таа од Нотингем се преселила во Глазгов за да студира музика, но и за да побегне од лошите луѓе кои цел живот ја малтретирале.
Нејзините родители се развеле додека била уште многу мала, што влијаело на нејзината самодоверба. Нејзината мајка не знаела како да и помогне.
„Има проблеми со самодовербата. Но кога ќе почне да пее како да се транспортира на некое друго место. Потребна и е самодоверба. Знам дека е посилна отколку што таа самата мисли“ – изјави нејзината мајка.
Луси со својот ангелски глас го воодушеви жирито во британската емисија „Јас имам талент“ и ја крена публиката на нозе.