7 годишниот Ване од Неготино ќе ги освојува Триглав и Мурмулада


Седумгодишниот Ване Бошев од Неготино, кој планинари од неполни три години и досега има освоено бројни врвови во земјава и странство, а беше прогласен и за надежен планинар за 2013 година од страна на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија, интензивно се подготвува за освојување на планинарските врвови Триглав во Словенија висок 2.864 метри и Мурмулада во Италија со височина од 3.342 метри, пренесува МИА.

Foto - ZaSe.mk

Foto – ZaSe.mk

Годинава ја започна со освојување на повеќе планинарски врвови во Македонија, а учествуваше и на бројни други планинарски акции. Во меѓувреме активно работи на подготовките за планираното искачување на атрактивните врвови во Словенија и Италија. Според планот, неговиот најнов подвиг треба да се реализира во јули, изјави неговиот татко Орданче Бошев.

Тој потсетува дека на само шест и пол години, младиот неготинец минатата година во мај го освоил Титов врв на планината Попова Шапка, висок 2.747 метри надморска височина.

– Тој беше најмладиот планинар од вкупно 810 планинари од земјава и странство кои беа дел од традиционалното искачување на највисокиот врв на Шапка и втор по височина врв во Македонија. За својот најнов успех доби диплома за најмлад учесник. На неполни 7 години го освои и врвот Мали Томор висок 2.474 метри на истоимената планина во Албанија, а се искачи и на покривот на Балканот, го освои највисокиот балкански врв Мусала во Бугарија, висок 2.925 метри и 40 сантиметри, истакна Орданче Бошев, кој исто така е планинар.

Посочи дека е горд што синот ја наследил од него љубовта кон планинарењето.

Ване Бошев има желба кога ќе наполни 10 години заедно со татко му да се качи на Мон Блан, планина во Алпите со највисок врв во Западна Европа од 4.808 метри.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1