Откриено скриено богатство од времето на Александар Македонски ФОТО


Спелеолози во Израел откриле мала количина на кованици и накит од времето ан Александар Македонски, за кои археолозите веруваат дека ги сокриле бегалците од древните војни.

Официјално лице од израелската администрација за антиквитети Ејтан Клајн изјавил дека богатството е старо 2.300 години и дека е прво од ваков вид пронајдено од периодот на славниот освојувач.Aleksandar nakit

Кованиците се пронајдени во тесна пештера со сталактити во регионот Галилеја.

Меѓу кованиците се и два сребреника исковани за времето на владеењето на Александар и неколку парчиња сребрен накит, вклучувајќи прстени, нараквици и обетки.

– Можно е вредонстите во пештерата да ги сокриле локалните мештани, кои бегале за време на  немирите по смртта на Александар Македонски – се наведува во соопштението на Администрацијата на антиквитети.Aleksandar nakit2

Измиантиот месец нуркачите на брегот на Израел пронашле околу 2.000 златници од 11 век.

Александар Македонски, некогашниот владетел од древното кралство Македонија, ја предводел кампањата ширум блискиот Исток и во делови на Азија. Починал во Вавилон, денешен Ирак , 332 п.н.е.Aleksandar nakit3

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1