Книгата “Последна исповед на Тито”на историчарот Вјенцислав Ценчиќ претставува една сосема нова слика на ликот и делото на политичарот кој остави неизбришлив траг на политичката сцена во Југославија.
Неговата книга е составена од стенограмски белешки на славниот говор во Караѓорѓево во декември 1979-тата година и неговите разговори со Јосип Копинчиќ, кој многумина го сметаа за најзначаен југословенски разузнавачки офицер на сите времиња:
„Јас бев против уставот од 1974-тата година! Јас бев против доделување на државност на покраините и делови на Уставот со кои се овозможи раздвојување на републиките на федерацијата без договор со другите републики, односно референдум во целата земја. И тогаш и сега можам да повторам дека ова “зло” овие уставни права на покраината се со цел да се растури Југославија. Знаев дека безбедносната ситуација во Косово е лоша, но не знаев дека загриженоста на нашата Република падна на толку ниско ниво.“
Тој во својот говор потенцирал дека кога станува збор за Косово, сите кои гласале за Уставот во 1974-тата година ќе бидат виновни за судбината на Југославија.
„Размислував онака во себе и си реков: “Па, стари, треба да се утврди наследник за тебе” Мислев дека за тоа треба да се стават на хартија неколку млади, но искусни менаџери и се решив за две имиња: Мики Трипала и Рат Дугањиќ. Пишувајќи се сетив на Иво Лола Рибар, бидејќи секогаш ова во шега го кажував, и мислам дека тоа го реков пред Копиниќ, тоа ќе биде мојот наследник. Оваа информација “протече” за време на војната, па Хебранг се пронајде погоден и одлучи да се одмазди и го организира убиството на Лола.“
Тито истакнал дека со никого не разговарал за негов наследник освен со неговата жена Јованка.
„Не, дури и правнуците нема да ни ги простат задолжувањата! По усвојувањето на новиот Устав, републиките во согласност со Федерацијата за минатата година неколку месеци позајмиле над 10 милијарди долари, што е зло и непростливо за земјата – рече Тито. Јас, како претседател на земјата, одбив да го потпишам овластувањето за задолжување на земјата, а Бакариќ како мој заменик го потпиша.“
„Мене ме обвинуваат дека сум забранил да се оди на ослободувањето на логорите, кои тогаш ги чуваа сто усташи – другари, тој Вицков предлог не дојде до мене и јас сега се прашувам, каде заврши. Јас се обвинувам себе си што до денес не сум бил во тој логор на смртта и да им се поклонам на сенките на убиените. Сега се сетив на податоците кои велеа дека Хебранг (Андреј) и Крајачиќ (Стево) се против славењето на Јасеновац.“
„Како Претседател на Собранието тој не дојде на отворањето, но пристигна во Липик и тоа пијан, во ловечка униформа и ја навредуваше српската делегација, викајќи: “Малку ве убивме”. За тој скандал порака добив од Пуцара (Ѓуро). Јас не бев лут, туку обезглавен по испадот на Стево. Многу пати сум се прашувал зошто не ги расветлиме овие глупости на Стево. Имам впечаток дека од него и во Хрватска се плашат. Кога би сакал да реагирам, го бранеше Јованка.“
„Голи оток го создаде Кардељ, тој предложи дека сите оние кои не гласаа за резолуцијата да бидат пратени на изолиран остров. Помош доби од Аугустиниќ и Стево (Крајачиќ), кои велеа за Голи Оток дека има добар камен кој ќе му служи на Аугустиниќ во правењето на скулптури. И така на состанокот на Политбирото, кога се зборуваше за изолација на уапсените, Кардељ го предложи Голи оток како најдобро решение.“
„Од двете страни на патот тие биле пречекувани и тепани со каиши и стапови, и овие “Словенците” велеа: “Не нè тепајте.“ Тие не беа Словенци, туку Босанци, кој работеле во Словенија. Своите информбировци ги прогласија за луди, особено ако тоа беше образован кадар. Значи Едо така ја “бранеше” Југославија и Партијата во Словенија. Поради Голи Оток не добив ни Нобелова Награда за мир, иако ститина државници во светот тоа го предлагаа.”