Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со услови за повремен слаб дожд, на планините со слаб снег особено повеќе во западните и јужните делови на земјата. Преку денот ќе дува слаб ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири, а дневната од четири до 11 степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со слаб дожд особено во раните утрински часови, преку денот променливо облачно со слаб северен ветер.
Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до девет степени.
И во наредните денови ќе продолжи променливо облачно време со сончеви периоди, но и со услови за слаб локален дожд. Дневната температура ќе има тенденција на благ пораст.