Бивш пожарникар спаси дедо и дете од опожарено возило во центарот на Штип


На крстосницата пред Стопанска банка се запали југо во кое имаше еден повозрасен човек и едно дете. За среќа од огнените јазици ги спаси бивш пожарникар во штипската противпожарна единица. Александар Георгиевски реагирајќи брзо, со помош на противпожарниот апарат од Стопанска банка го изгасна опожареното возило, јавува ТвИрисm-pozar

Возачот на возилото вели дека е благодарен на брзата интервенција, со која се спасени неговиот и животот на неговата внука. На местото на пожарот веднаш пристигна екипа на протвпожарната единица, но пожарот беше изгаснат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1