Македонскиот пејач, прогонуван од непозната девојка


Поп пејачот Игор Митровиќ подолго време е прогонуван од девојка од Скопје, која него му се претставува како Јасна.

Митровиќ уште пред една година јавно се пожали за овој случај кога кажа дека го вознемируваат Јасна и нејзината фамилија па дури и дека добивал закани. Како што дозна Вистина.мк од блиски извори до пејачот овој случај од неодамна Митровиќ пријавил во полиција дека е жртва на вознемирување. Пејачот тврдел дека не ја познава девојката и дека сето ова е само манипулација, која што најверојатно од забава прерасна во сериозен проблем.igor-mitrovic-640x360-630x354

Токму поради овој случај Игор два пати го сменил и телефонскиот бројот но како вели нашиот извор прогонувачите на Игор повторно успеале да ги откријат новите броеви.

-Што се однесува до таа жена/девојка, што и да е, заедно со нејзината фамилија (како што тие се претставуваат) верувам дека не им е лесно, и навистина ми е жал за нив. Не сум човек што сака да ги прави работите на големо, а уште повеќе па да создава проблеми, но ова ги премина сите граници. На големиот број вознемирувачки повици и пораки не им одговорив, но затоа веќе овој случај го пријавив и во полиција бидејќи знаете, се има своја граница, а ова ги надмина сите граници. Изложен сум на психичко малтретирање и секојдневна тензија веќе подолго време која ми го нарушува мирот. Иако веќе по трет пат го сменив својот телефонски број, тие повторно го откриваат, и стварно ме интересира како и на кој начин. Се надевам наскоро дека Јасна и нејзината фамилија ќе ги видам на суд, навистина сакам да им ги видам лицата, изјавил пејачот за Вистина.мк.

Извор: Вистина.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1