На видеото кое е снимено од еден од полицајците е прикажан драматичниот момент кога 18-месечното бебе е спасено од потонатиот автомобил.
Полицајците најпрвин се обидуваат да го превртат автомобилот и да ги извадат жртвите, но тогаш сфаќаат дека во автомобилот има бебе кое се уште е живо.
Тие веднаш ја спасуваат малечката Лили Гроесберг и ја носат на сигурно.
Се уште е нејасно како малечката Лили успеала да преживее 14 часа во автомобилот, но еден доктор за Си Ен Ен објаснил дека кога организмот се соочува со хипотермија, метаболизмот се забавува, а со тоа и количеството на кислород потребен за да се одржи во живот се редуцира.
За жал, мајката на Лили не успеала да преживее.
Но, позитивните вести за малиот херој продолжуваат. Имено, оваа недела, таткото на Лили објавил видео запис со ќерка си.
-Јас сум благословен. Можев да ја изгубам и ќерка ми, можев да ги изгубам двете. Но во моментов сум пресреќен што можам Лили да ја чувам во раце и да ја бакнувам, рекол Девен Трафи, таткото на Лили.