Мишел Себастијан (46), Сандрин Горе (40) и Кристел Еје (26) се уапсени поради киднапирањето на 2-годишното девојче кое планирале да го продадат во странство, а зад целиот обид стои бугарската мафија.
– Бугарската мафија заработува многу пари од киднапирања и продажба на мали деца. Со ова се занимаваат повеќе години наназад и главно “оперираат” низ источноевропските земји. Кај осомничените биле пронајдени и француски пасоши, а доказ дека имале намера да го продадат детето бил и пасошот со нејзина слика кој бил пронајден во автомобилот после апсењето. Во автомобилот имало и седиште за дете и резервна облека, објаснува извор близок на истрагата.
Колку за потсетување, киднаперот ѝ пријде на мајката од зад грб, ја собори и буквално насилно го одзема девојчето од нејзината прегратка, кога и мајката беше повредена, а девојчето беше внесено во возило марка BMW каде го чекале две жени по што сите заедно побегнале.
На видео записот се гледа како луѓето започнуваат да приоѓаат и да повикуваат за помош, по што детето било одземено од рацете на мајката: