Шест лица се пожалиле на повреди по денешната сообраќајна несреќа во која учествуваа два автомобили и меѓуградски автобус што попладнево се случи во скопската населба Автокоманда.
Полицијата соопшти дека сообраќајната несреќа се случила во 16:15 часот на Булеварот „Александар Македонски“ и оти во неа учествувале два автомобили, од кои едниот со тетовски регистерски таблици, а вториот со странски таблици, и автобус со словенечки таблици.
Повредените се префрлени во Ургентниот центар во Скопје.
Полициски екипи вршат увид на местото на несреќата.