Трагедија на патот Кичево- Битола: Загина цело семејство


Татко, мајка и нивниот син, загинале во тешка сообраќајка што попладнево се случила на магистралниот пат Кичево-Битола.

Денес околу 13 часот се случи страшна сообраќајна несреќа во која загина тричлено семејство на патот Битола – Кичево кај село Белица.soobrakjajka sudir

На лице место починаа мајка, татко и 24 годишниот син од едно кичевско село. Тројцата биле во автомобил фоласфаген поло со кичевски регистарски таблици.

Во несреќата повредени се уште две лица од прилепско, 31 годишен маж со тешки телесни повреди и неговата една година помлада сопруга со полесни повреди кои биле во возило мерцедес со прилепски регистарски таблици.

Како се случила несреќата засега не се соопштува, од СВР Охрид информираат дека се уште се работи на расчистување на причините.

Од засега непознати причини дошло до судир меѓу двете возила. Автомобилите биле потполно уништени а при вадењето на телата интервенирале и пожарникарите.

Магистралниот пат Кичево Битола попладнево беше затворен за сообраќај во двата правци. На лице место увид изврши полицијата, истражен судија и јавен обвинител.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1