Насловната страница на најновото издание на магазинот Тајм на која е прикажан поранешниот американски државен секретар, Хилари Клинтон, предизвика голема дискусија на друштвените мрежи.
Имено, први кои го забележале, или барем први кои напишале за грешката биле корисниците на мрежата Tвитер.
Тие увиделе дена има нешто многу чудно на оваа насловната фотографија.
Всушност, тие воочиле дека на силуетата на Хилари Клинтон се наоѓаат, ниту помалку, ниту повеќе, туку токму рогови. Всушност буквата “М” зад силуетата прави оптичка илузија или пак можеби тоа е направено намерно?
Зик Милер, кој е новинар во политичката рубрика на магазинот Тајм, изјавил дека ова не е прв пат за во нивниот магазин да се случи ваков “пропуст”.
Меѓу луѓето со рогови биле и Бил Клинтон, Џорџ В. Буш, Маргарет Тачер, Папата Фрањо…