Обвинувањата дека најпознатата старлета на светот Ким Кардашијан го украла својот нов имиџ од српската поп дива Јелена Карлеуша ги преплавија светските медиуми, па освен US Weekly, со ова сега се занимаваат и Elle, Cosmopolitan, Cellbuzz, DailyMail, па и некои други водечки светски медиуми.
Карлеуша моментално е ударн вест и на порталите ширум Европа, Јужна АМерика, Азија и Африка, а судејќи по коментарите на порталите, многумина сметаат дека има многу сличност меѓу Ким и ЈК, и дека старлетата е разоткриена.
Српската фолк дива Јелена Карлеуша за магазиниот „Ју-ес виклли“ изјавила дека американската старлета Ким Кардашијан (34) токму во неа пронашла инспирација за нејзиниот нов платинест изглед на косата. Фотографиите кои ги објвува на својот профил на Фејсбук и Инстаграм автентично го докажуваат тоа.
Откако минатата недела Ким Кардашијан стана платинеста русокоса, популарната српка фолк-ѕвезда Карлеуша дала до знаење дека Ким ја копира во секој поглед. Јелена со своите фанови и следбеници на социјалните мрежи сподели некјолку фотографии, а целата прикзана дојде и до странските медиуми кои нашироко и надолго се распишуваа на оваа тема.
– Се чини дека тимот од стилисти кои се грижат за Кардашијан се инспирирале со моите модни комбинации и имиџ кој јас го промовирам на мојот профил на Инстаграм – изјавила атрактивната Јелена за „Ју-ес викли“, а нејзината приказна ја пренеле и „Дејли меил“, „Космополитен“ и „Ел“. Сите по ред ја коментираат сличноста помеѓу Ким и Јелена, од раскошните облини, полните усни до интензивната шминка како и низата модни комбинации со кои се појавуваат во јавноста.
Веста се чини дошла и до семејството Кардашијан , па помладата сестра на Ким, Клое на својот профил на Инстаграм ги видела фотографиите на Карлеуша на кои таа се споредува со Ким и ги лајкнувцала. Од друга страна фановите на Ким се налутиле за споредбата на Ким и Карлеуша, а српската фолкерка тоа го искоментирала на својот профил на Твитер.
Инаку 36-годишната Јелена со музика се занимава 20 години, зад неа има 10 студиски албуми и е една од најпродаваните изведувачи во источна Европа.
Најновиот потег на српската дива покажува дека по долги години во шоубизнисот, таа знае како да биде главна приказна како во домашните така и во светскит емедиуми. Дека Карлеуша секогаш има големи амбиции покажува и фактото дека се споредува ни помалку ни повеќе туку со кралицата на поп-музиката Мадона.