Колони граѓани за трибината во „Борис Трајковски“


Граѓаните тргнаа кон спортскиот центар „Борис Трајковски“ за каде е најавена трибина на владејачката ВМРО-ДПМНЕ која ќе започне точно напладне и  на која ќе се обратат лидерот на партијата и премиер Никола Груевски и други нејзини членови.

foto Netpress

foto Netpress

„Јавноста низ целата држава ќе има можност да ги чуе позициите на партијата за повеќе актуелни теми и предизвици, ќе се испратат јасни пораки за она за што се залага и за она што го планира партијата во наредниот период“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Влезот на настанот во салата „Борис Трајковски“ е бесплатен. Ќе говори премиерот Никола Груевски, а главна тема ќе бидат актуелните политички случувања во земјава.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1