ВИДЕО: Од ирачкиот Рамбо џихадистите бегаат како од ѓавол!


Поранешниот универзитетски професор, 40-годишниот Абу Азраел, наречен Ангел на смртта, станал легенда меѓу ирачките војници кои се борат против Исламската држава. Брадестиот и храбар војник, со секира и автомат во рацете, е главен лик на постерите на бригадата “Имам Али”, ирачка шиитска милиција која е финансирана од иранската држава.is5-630x473

Неговите профили на социјалните мрежи имаат повеќе од 250.000 следбеници. Абу Азраел сака да позира и да се фотографира, па објавени се голем број на фотографии на кои овој “колосален војник” храбро чекори на боиштето со тешко вооружување. Меѓу ирачките милитанти тој е исто така познат како “Ирачкиот Рамбо”.

Изгледа дека има и смисла за хумор, па било објавено видео на кое преку заробено “токи-воки”, ги навредува џихадистите од Исламската држава.is31-630x420

Шиитската милиција моментално се бори на страната на ирачката војска, за да го вратат градот Тикрит, кој бил освоен од Исламската држава, пишува Daily mail.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1