Во Македонија може да се произведува евтино Био гориво – и тоа од трска


Трската од Моноспитовското блато може да се употреби  за производство на био гориво. Зелената енергија е насекаде околу нас само треба да се искористи, вели биологот Ѓорге Иванов. Тој  реализираше проект кој потврди дека одржливото користење на трската од Моноспитовското блато може да се искористи како обновлив ресурс за добивање на био гориво.

Истражувањата покажале дека  со соодветна преработка  трската  е идеална суровина за  правење брикети и пелети наменети за затоплување на домакинствата.trska2

-Со самиот факт што ова е неисцрплив ресурс на енергија за производство на биогориво се докажува перспективноста. За разлика од другите фосилни горива кои се исцрпливи и кои што ќе бидат исцрпени и се поскапи во иднина трската во Моноспитовско блато ќе продолжи да егзистира и понатаму, вели Ѓорге Иванов – биолог

Ваквата иницијатива доби поддршка и општина Босилово на чија што територија се наоѓа Моноспитовското блато.

-Ние ќе настојуваме и ќе ги прифаќаме сите вакви иницијативи од вакви еколошки друштва, невладини организации и од граѓани за да најдеме начин како тој ресурс да обезбеди егзистенција на дел од населението кое гравитира околу Моноспитовско блато, вели Љупчо Колев – градоначалник на општина Босиловоtrska3

Моноспитовското блато се простира на површина од околу 400 хетари. Една третина од нив е покриена со трска од која може да се добие био гориво доволно да ги задоволи потребите за затоплување на најмалку 625 домакинства. Освен во Моноспитовско блато големи површини со трска има во Дојран и во струшкиот регион.

Сител

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1