Неколку недели наназад Александра Накова е во центарот на вниманието во македонските медиуми.
Како бомба одекна веста за бременоста на моделот, а потоа следуваа информациите за нејзиното моментално место на живеење, кое очигледно е во Дојран.
Александра е во осмиот месец од бременоста, а пред да дојде новиот член на семејството парот реши да го каже судбоносното „ДА“.
Хит Портал ексклузивно дознава, дека овој викенд во родната Гевгелија, моделот и кошаркарот, Никола Гајдаџиев се регистрирале, а интимната прослава во кругот на најблиските се случила во дојранскиот ресторан Гранико.