Случај „Ореше“: Опожарени продаваницата и автомобилот на дедото на заштитениот сведок


Обвинетиот за нарачка на убиството во велешкото селото Ореше што се случи пред 9 години,  Ѓоре Петровски, СВР Велес го сомничи дека синоќа во знак на одмазда ја запалил селската продавница и возилото на семејството Ѓурчиновски, родители на сопругата на поранешниот заштитен сведок во судската постапка „платено убиство во село Ореше“ кое се случи во 2005 година . Во пожарот настрадани нема, причинета е само материјална штета.
-Првичните податоци се дека со пожарот причинета е материјална штета од околу 10 000 евра, рече Анита  Стојковска, портпарол на СВР Велесorese
Петровски во полициска станица се бранел со молчење. Од полицијата велат дека осомничениот со негов пријател околу 22.30 часот се упатиле со возило кон селото. Ѓоре излегол од возилото со себе носел кантичка најверојатно со бензин во селото влегол сам и по 15 минути се вратил, па со пријателот продолжиле кон Велес. Полицијата денеска до доцна напладне вршеше вештачење на местото каде се случил пожарот, а обвинителството ќе треба да докаже дали мотивот е одмазда  како што сметаат Ѓурчиновски.
Ѓоре Петревски, откако беше осомничен за нарачка на убиството на старецот од Ореше, три години подоцна во 2008 година заработи кривична пријава за предизвикување општа опасност, откако полицијата го осомничи дека во знак на одмаза нарача де се запали селската продавница и амбулантата во селото, за што му беше изречена казна затвор од 4 години. Судскиот процес за платеното убиство, кој се води против него доби разрешница по 4 ти пат, тој е осуден на 13 години затвор.Според обвинението тој нарачал ликвидација на старецот Лазо Милошевски. Убиството се случи на 2 декември 2005 година.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1