Франкфукт во пламен: Протести против политиката на штедење – уапсени 500 лица, 90 полицајци повредени


Најмалку двајца полицајци се повредени и запалени се неколку полициски возила денеска во Франкфурт пред седиштето на Европската централна банка (ЕЦБ) во судири меѓу демонстранти од движењето „Блокјупај“ и полицијата.

Приведени се 350 лица.

Левичарски активисти собрани во меѓународното движење „Блокјупај“ претходно најавија дека целта на нивните активисти е во согласност со противењето на владините мерки за штедење да го блокираат новото седиште на ЕЦБ, пред отворањето на зградата.frankfurt pozar

– Над нас летаат хеликоптери, а воздухот е полн солзавец. Полицијата со барикади и бодликава жица го огради новото седиште на ЕЦБ, јави известувач на „Раша тудеј“ од центарот на Франкфурт.

Според „РТ“ рано утринава дошло до први судири меѓу полицијата и демонстрантите, како и дека е запалено едно полициско возило, поради што полицијата употребила солзавец за растерување на насобраните луѓе.

Полицијата соопшти дека еден полицаец е повреден откако демонстранти фрлале со камења во близина на зградата на операта „Алте опер“ на централниот градски плоштад, додека неколку приватни возила се запалени во текот на ноќта и две полициски возила во полициска станица во центарот на градот, јави ДПА.

„Раша тудеј“ објави дека 350 лица се приведени, повикувајќи се на соопштение на франкфуртската полиција објавено на „Твитер“ во кое се наведува дека лицата се приведени поради предизвикување нереди.

Активисти од движењето „Блокјупај“ го блокираа центарлниот мост преку реката Мајна, како и еден важен кружен тек во источниот дел на градот. Се очекува околу 10.000 демонстранти на главниот плоштад Ремерберг во Франкфурт, бидејќи организаторите изнајмиле специјален воз за превоз на активисти од Берлин, како и автобуси за превоз од останатите делови на Германија и други европски земји.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1